Во октагонот се враќа Александар Ракиќ (14-3). Српскиот борец со австриски пасош викендов ќе настапи на УФЦ 300 настанот во Лас Вегас против Чехот Јиржи Прохаска.
Настанот во Т-Мобиле арена е предводен од пресметката за титулата во полутешка категорија меѓу шампионот Алекс Переира и Џамахал Хил.
Тоа ќе биде прва борба за Ракиќ од мај 2022 година кога го повреди коленото во третата рунда на мечот против Јан Блахович.
Чешкиот борец последниот настап го имаше во ноември минатата година кога загуби од Алекс Переира со прекин во втората рунда.
Александар се подготвува за камбек борба во виенската Џим 23, која ја води Небил Сабаи.
Спаринг имаше со Роберто Солдиќ, Јуре Јуриќ, Јован Лека, Михал Орковски и Јакоб Недох.
„Морам да обезбедам храна и сместување за сите колеги, само тоа ме чини 20.000 евра, без платата на тренерите. А еден спаринг партнер го плаќам посериозно, но не сакам да кажам кој е“, вели Александар Ракиќ во видео објавено на неговиот канал на Јутјуб.
А низ каков тренинг мораа да поминат Ракиќ и останатите, погледнете во видеото: