Што да кажeмe, освен дека Фјури беше на работ на нокаут, но уште еднаш ја покажа својата моќ за брзо закрепнување.
На почетокот на борбата се чинеше дека големината и силата на Фјури се едноставно премногу за Усик, но како што одминуваше борбата, феноменалниот Усик стануваше се подобар и подобар. На крајот победи со поделена одлука на судиите, но мечот беше сè само не лесен за двајцата боксери.
Со аперкати во телото и главата Фјури најмногу успеваше да му се закани на украинскиот боксер, но, сепак, тоа не успеа да го запре Усик. Во вториот дел од борбата Усик изгледаше се подобро, а оштетувањето на лицето на Фјури беше поизразено. По 12 напорни и исцрпувачки рунди конечно добивме нов апсолутен шампион.
Сепак, она што не смееме да заборавиме да го споменеме е речиси совршената низа на Усик во деветата рунда. Со силно лево кроше го потресе Фјури кој веднаш се потпре на јажињата, по што Усик испука еден куп удари во остатокот од рундата кои главно завршуваа во брадата на Фјури.
Се започна на околу половина минута пред крајот на деветата рунда, па Усик немаше многу време да ја заврши работата. На точно десет секунди пред крајот на рундата, судијата влезе и почна да му брои на Фјури. Се разбира, токму кога одбројуваше, заѕвони ѕвоното, давајќи му на Фјури дополнителна минута да се опорави пред да влезе во деветата рунда.
Ова беше пресвртниот момент на натпреварот, а видеото можете да го погледнете ТУКА. Редоследот за кој пишувавме започнува околу 50-та секунда од видеото, а ДАЗН се погрижи да го погледнеме во целост во споменатото видео. Што да кажеме, освен дека Фјури беше на работ на нокаут, но уште еднаш ја покажа својата моќ за брзо закрепнување.