Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану, сè уште не нашол ММА организација за да ја продолжи кариерата.
Неодамна откри дека на маса има примамливи понуди од ПФЛ и ОНЕ шампионатот и дека наскоро би можел да го избере својот нов работодавец.
Но, Камерунецот не ја крие желбата прво да се обиде со бокс, а како потенцијални противници најчесто се споменуваат Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.
Деновиве на социјалните мрежи се појави видео од настапот на Френсис во кик бокс меч, непосредно пред да замине во УФЦ.
Навивачите на борбите веќе имаа можност самите да се уверат колку силен удар има со тупаниците Камерунецот. Видеото е снимено пред десет години.
Никој не се сомнева дека Нгану би бил успешен и во кик боксот. Во февруари Френсис беше поврзуван со Глори.
А во ова видео Камерунецот неколку пати го собори противникот додека судијата не ја прекина борбата. Во еден момент неговиот противник дури испадна од рингот.
Extrait d’un combat de Francis Ngannou🇨🇲en Kick Boxing..
Imaginez s’il avait été au Glory à la place de l’UFC pic.twitter.com/ptn8mn6ZtS
— La Taverne du MMA (@Latavernedumma) March 24, 2023