Ќе помине речиси една година откако Конор Мек Грегор се повреди на мечот против Дастин Пориер. Славниот Ирец ја скрши ногата на крајот од првата рунда во главната борба на настанот УФЦ 264, па заврши на операција.
За Дијамантот тоа беше втора победа во низа против Ноториус.
Конор чека долг период на рехабилитација и опоравување по операцијата, а се чини дека неговата повредена нога изгледа се подобро и подобро.
Имено, ѕвездата на УФЦ во последното видео покажа како со полна сила удира со левата нога.
Под видеото Конор напиша „Нешто како феномен“.
Новата објава на Мек Грегор од тренингот предизвика бројни коментари. Засега не се знае кога ќе им се врати на борбите.
Неговото враќање засега е под знак прашалник, бидејќи не се знае дали Конор е во протоколот за тестирање на борци на УСАДА.
А ако не, тогаш треба да помине шест месеци тестирање пред да добие дозвола да се врати.
Но, она што ги забавува навивачите на ММА е кој би можел да биде противник на Мек Грегор во повратничката борба.