Погледнете како Хабиб ги цеди силите на противниците во само 1 рунда

Хабиб Нурмагомедов без сомнение беше еден од најдоминантните борци во октагонот. За тоа зборува неговата импресивна статистика од 29 победи и ниту еден пораз.

Неговата сила и техника му ја донесоа титулата во лесна категорија, која ја држеше три години.

Се бореше со најдобрите во категоријата, а на следните фотографии се гледаат разликите на противниците дури по една рунда со „Орелот“.

Прв во споредбата е неговиот заколнат непријател – Конор Мек Грегор со кого се сретнаа на УФЦ 229. Мек Грегор се предаде во третата рунда и очигледно зошто – само по 1 рунда веќе изгледа уморно и презаситено.

Втор во споредбата е Џастин Гејџи со кого Хабиб ја имаше последната професионална битка. Тие се пресметаа на УФЦ 254 и дури по првата рунда Американецот изгледаше скршено. Нивната битка заврши минута ипол подоцна, кога Гејџи се предаде.

Конечно, тука е Дастин Пориер, со кој Русинот се бореше на УФЦ 242 во 2019 година. Пориер помина три рунди во октагонот, изгледајќи поразено по првата.

Хабиб претходно рече:

„Треба да верувате во себе за да се борите, но по една рунда со мене, моите противници веќе ја загубија таа верба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON