Погледнете ја реакцијата на Усик кога Нгану го собори Фјури: Можеби Тајсон не го сфати сериозно (ВИДЕО)

Боксерскиот спектакл во Ријад го предводеше борбата меѓу шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури и поранешниот борец на УФЦ, Френсис Нгану.

На нивниот меч присуствуваше следниот противник на Фјури, Александар Усик. Имено, Кралот на Ромите и Украинецот треба да се борат за апсолутен шампион во тешка категорија во Саудиска Арабија на 23 декември (или во јануари следната година).

А Нгану го воодушеви боксерскиот свет во своето боксерско деби и доби огромни симпатии за неговиот настап без оглед на поразот од Фјури.

По интересните десет рунди Камерунецот загуби со поделена одлука на судиите, а особено за паметење ќе остане третата рунда кога го испрати шампионот на ВБЦ во нокдаун.

Којзнае како се чувствуваше во тие моменти Усик, кој можеше да остане без голема борба, која носи огромна финансиска заработка, со евентуалниот пораз на Фјури.

„Имав чувство дека Фјури си поигрува со Нгану. Не сакам да кажам дека се преправаше, но без разлика на се ќе се подготвам максимално за претстојниот меч. Можеби навистина го изненади или сето тоа беше дел од шоуто. Нема врска, се гледаме на 23 декември“, рече Александар Усик и продолжи:

„Не знам дали ова ќе му даде уште поголема самодоверба. Нгану е светски шампион во ММА и има силен удар со тупаници, а постои можност за изненадувања. Можеби Фјури не го сфаќаше сериозно, постојано велеше дека е ММА борец и зборуваше многу. Ме изненади со нокдаунот“.

Усик го гледаше мечот покрај рингот и камерата ја забележа неговата реакција кога Нгану го собори Фјури. А тој удар да паднеше малку подобро, можеби Украинецот ќе го загубеше мечот за титулата.

Погледнете ја реакцијата на Усик кога дојде нокдаунот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON