Пресметката меѓу двајцата врвни тешкаши, Ентони Џошуа и Даниел Дубоа, ќе биде главен боксерски спектакл на Вембли на 21 септември.
На тој меч Дубоа ќе го брани светскиот шампионски појас на ИБФ што го заработи откако Aлександар Усик ја ослободи титулата.
На програмата на лондонскиот стадион ќе настапат и Ентони Какаси, Џош Ворингтон, Џошуа Буатси, Марк Чембрлен, Лиам Смит, Хамза Шираз.
А во пресрет на уште еден голем боксерски настан, беше објавено ново видео кое го најавува мечот меѓу Дубоа и Џошуа.
Саудијците го ангажираа познатиот режисер Гај Ричи кој состави уште една одлична најава, погледнете: