Погледнете ја најимпресивната најава за боксерски меч досега: Бетербиев и Бивол во стилот на „Игра на тронови“ (ВИДЕО)

Официјалното промотивно видео за борбата меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол, за апсолутна светска титула во полутешка категорија, денеска беше објавено во пресрет на прес-конференцијата, најава за спектакуларниот меч на 12 октомври во Ријад. Четириминутното промотивно видео за оваа борба, која ќе се одржи за само 17 дена, е апсолутно импресивно и наликува на филмска сцена. Многу филмски критичари го нарекуваат „највпечатлива боксерска најава за борба досега“.

Бетербиев, носител на титулите во полутешка категорија ИБФ, ВБЦ и ВБО (20-0, 20 КО) и ВБА/ИБО шампионот Бивол (23-0, 12 КО) се прикажани во промотивното видео на бојното поле со мечеви, опкружени со воини во битка на живот и смрт.

Ова неверојатно динамично и визуелно впечатливо видео дополнително ја зголемува возбудата пред пресметката на двајца непоразени шампиони, кои ќе се борат за апсолутна доминација во полутешка категорија.

Борците се искачуваат на рид покриен со снег, а потоа се борат со мечеви додека нивните војници ги бодрат. Визуелните слики се навистина импресивни.

Еден необичен детал, кој можеби требаше да биде изоставен од промотивното видео за борбата меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол, е моментот кога Бивол со меч убива мечка.

Промоторот Еди Херн го опиша овој меч како „најголемата борба во боксот“, што е прилично точен опис на оваа борба. Ова се двајца од најдобрите борци во својата тежинска категорија, и двајцата се уште во својот врв, на врвот на својата кариера.

Бивол технички е „чист боксер“, кој ќе бара начин да доминира со Бетербиев со својата боксерска и движечка способност. Од друга страна, Бетербиев ќе се обиде да го „уништи“ Бивол и да ја одржи совршената нокаут серија.

Ако сака да победи, Бетербиев ќе мора постојано да го притиска Бивол, бидејќи нема шанси да застане на средината на рингот и да размени удари со технички борец како Бивол. Бивол ја нема потребната сила или отпорност на удар за да се вклучи во отворена размена без да ризикува да биде нокуатиран. Бетербиев најверојатно ќе го насочи телото на Бивол со удари за да му ја одземе подвижноста и да го принуди да тргува со удари. Тоа е тактиката со која Бетербиев успешно го победи поранешниот шампион на ВБЦ во полутешка категорија Александар Гвоздик во нивната борба во октомври 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО