Погледнете го соочувањето меѓу Хрговиќ и Дубоа – Еди Херн загрижи со изјавата

Филип Хрговиќ оваа сабота во Саудиска Арабија го брани првото место на ИБФ рангирањето на предизвикувачи во тешка категорија.

Најдобриот хрватски боксер се бори против Даниел Дубоа на настанот „5 на 5“, односно меч меѓу промоциите Мечрум и Квинсбери.

Спектаклот во Ријад гопредводи уште еден судир во тешка категорија меѓу Американецот Дионтеј Вајлдер и Жилеј Жанг.

Хрга веќе со денови повторува како ќе го уништи британскиот тешкаш, а потоа сака во септември да дојде на Вембли и таму да се соочи со поранешниот двократен шампион Ентони Џошуа.

Хрговиќ се надева на такво сценарио, но изјавата на промоторот Еди Херн може малку да го загрижи.

„Џошуа би можел да се бори со победникот од мечот меѓу Хрговиќ и Дубоа, а се надевам дека тоа ќе биде за шампионската титула на ИБФ. Но, ако Дионтеј Вајлдер изгледа сензационално против Жилеј Жанг, можеби тој ќе биде оној кој би можел да се бори со Еј Џеј“, изјави Еди Херн.

По тренингот, боксерите имаа соочување, а како тоа изгледаше погледнете во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON