Остануваат неколку недели до UFC 192, на кој што ќе се борат шампионот во полутешката категорија, Даниел Кормиер и предизвикувачот Александар Густафсон. Настанот е предвиден за 3 октомври во Хјустон.
Кормеир за првпат ќе ја брани титулата откако ја освои на мечот со Ентони Џонсон на УФЦ 187.
Покрај нив, Џони Хендрикс ќе се обиде да заработи уште еден дуел за титулата во полусредна категорија, а ќе се соочи Тајрон Вудли во подглавниот настан на вечерта.
Пред нив ќе го видиме и враќањето на Рашад Еванс, кој ќе се бори со Рајан Бадер, за да се утврди следниот кандидат.
https://youtu.be/sQDXSe89vhE