Двајца врвни британски боксери Даниел Дубоа и Ентони Џошуа оваа сабота ќе го предводат спектаклот на распродадениот стадион Вембли.
Дубоа пред 96.000 гледачи ќе го брани светскиот шампионски појас во тешка категорија на ИБФ!
И двајцата се во одлична форма, а успешната серија ја започнаа по поразот од Александар Усик, Дубоа лани во август, додека Еј Џеј дури двапати загуби од Украинецот (2021 и 2022 година).
Дубоа (21-2, 20 КО) потоа ги победи со прекин Џарел Милер и Филип Хрговиќ, а Џошуа (28-3, 25 КО) славеше против Џермејн Френклин, Роберт Хелениус, Ото Валин и Френсис Нгану.
Еј Џеј последните три борби ги заврши со прекин, а во март со нокаут во втората рунда го победи поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Нгану.
„Овој пат Џошуа се бори против младо момче со помало искуство. Еј Џеј има голема желба за победа. Обично е многу мирен, но сега само повторува: „Морам да победам“. И никогаш не зборува за титули. Има огромна желба повторно да стане светски шампион во тешка категорија“, изјави промоторот на Џошуа, Еди Херн.
Final press conference face off for #JoshuaDubois 🥊 pic.twitter.com/2PACpFXBgM
— MMA Mania (@mmamania) September 19, 2024
View this post on Instagram