Се поблиску е саботниот боксерски спектакл во Џеда. Големиот настан во Саудиска Арабија го предводи реваншот во кој Украинецот Александр Усик ги брани шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија против Британецот Ентони Џошуа.
Во конасловната борба хрватскиот тешкаш Филип Хрговиќ боксира против Кинезот Жилеи Жанг во елиминаторски меч за титулата на ИБФ.
Победникот од тој меч ќе стане задолжителен предизвикувач и може да добие шанса да се бори против подобриот од дуелот Усик-Џошуа.
Хрговиќ и Жанг требаше да се пресметаат во мај, но храватскиот борец ја одложи борбата поради смртта на неговиот татко.
Кинезот остана на програмата на настанот во Лас Вегас и се избори против Скот Александер, кого го нокаутира во првата рунда.
Кинескиот боксер ги продолжи подготовките за настапот против Филип, а дел од својата форма презентираше на отворен тренинг за медиумите.
„Тоа е најважниот меч во мојата кариера. Победникот ќе се бори против најдобриот од дуелот Усик-Џошуа. Тие се големи борци и ги почитувам и двајцата. Тие беа и олимписки победници. Џошуа загуби на првиот меч, а сега се надевам дека ќе биде подобар“, вели Жилеи Жанг.
На отворениот тренинг не учествуваше Филип Хрговиќ.
По Кинезот во рингот влегоа Џошуа и Усик. А каков беше нивниот тренинг погледнете во видеото од 1:18:00 часот: