Пoсле 23 години една од најголемите кариери во историјата на ММА, ноќеска се прости од спортот легендарниот руски борец Федор Емелијаненко. Кариерата ја заврши со 46 години на грб, а за последниот меч не избра лесен противник. Се прости со тежок пораз во првата рунда во борбата за шампионскиот појас во тешка категорија против Рајан Бадер (39), најдобриот тешкаш во Белатор.
Федор или Последниот руски цар, како што многумина го нарекуваат, за некои љубители на ММА е најдобриот тешкаш во историјата и еден од најголемите ММА борци досега. По оваа борба со 40 победи има седум порази од кои два му нанесе само Бадер. Кариерата ја заврши со симболично спуштање на ракавиците на подот од кафезот.
Fedor Emelianenko lays down his gloves surrounded by legends!
Tune in to @CBS and @paramountplus NOW. #Bellator290 #Bellator #MMA @BellatorMMA @CBSSports pic.twitter.com/DgXYmEfskx
— SHOWTIME SPORTS (@SHOsports) February 5, 2023
„Среќен сум што сите овие борци ветерани во последните 20 години се тука да ме поздрават“, напиша Федор Емелијаненко на Фејсбук.