Изминатиот викенд во белградската Штарк арена се одржа интересен настан Брејв 69 каде настапи Александар Илиќ.
Во одличен меч, српскиот борец со поделена одлука го победи многу издржливиот Марцин Нарушчка.
Гледачите можеа да уживаат во голема борба, а посебен момент се случи на крајот од првата рунда кога Џокер со „хај кик“ го удри Полјакот и го собори на подот.
Илиќ се обиде да го заврши мечот, но Нарушчка за чудо се созеде и повторно стана.
View this post on Instagram
„Следи подолга пауза и операција на подлактицата, Полјакот е тежок како да удираш во ѕид. Многу луѓе го потцениле, ова е единствениот маж кој ми ги изеде „клоците“ и се врати како зомби. Благодарам за тестирањето и вистинската војна“, се осврнапо мечот српскиот борец.
Во друга објава на Инстаграм Александар го прозва Магомед Исмаилов од кого лани загуби во боксерски меч.
„Прво Јаниковски, па Дудек, Шламенко, сега Марцин… Не разменувам среќни удари, тоа е чисто уметничко дело. Мага Исмаилов, како ти се допаѓа тоа?“, напиша Александар Илиќ во пораката и ја означи ПРЦ организацијата.
View this post on Instagram