Погледнете ги првите кадри од филмот за Хабиб Нурмагомедов (ВИДЕО)

Неодамна Хабиб Нурмагомедов откри дека УФЦ работи на создавање документарен филм посветен за неговите успеси.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија имаше разговор со Дана Вајт на Инстаграм. Хабиб му рекол на Вајт дека УФЦ веќе испратил 25 камери во Дагестан и дека снимањето се одвива со засилено темпо. Вајт изјави дека филмот ќе биде еден од најдобрите боречки филмови некогаш снимен.

Хабиб се повлече од ММА во 2020 година откако го победи Џастин Гејџи во Абу Даби. Замина со непоразен скор кој вклучуваше 29 победи. Дагестанската легенда сега е дел од Куќата на славните на УФЦ и е еден од најбогатите ММА борци во историјата.

„Со дозвола на Алах, документарниот филм ќе биде објавен во летото 2024 година“, напиша Нурмагомедов.

Еве ги првите кадри од филмот кои ќе ги гледаме следната година:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО