Погледнете ги најлудите нокаути во историјата на слободните борби (ВИДЕО)

Љубителите на боречки вештини уживаат во вештините што ги презентираат натпреварувачите во арената, но најважниот момент е кога борец го победува противник со нокаут.

Неодамна УФЦ на својот канал на Јутјуб објави видео од најлудите нокаути кои се случиле во историјата на слободните борби.

Тие вклучија дел од овие бизарни завршетоци во интересна компилација. Видеото е составено од снимки од нокаути од поранешната Прајд и некои други поранешни промоции.

Така, можеме да се потсетиме како Маурицио Руа брутално го нокаутира Квинтон Џексон. Бразилскиот борец го бомбардираше Рампејџ со серија удари со колена, а потоа Шогун ја заврши работата со „фудбалски удари“.

Меѓу нокаутите има и неколку понови како оној на Едсон Барбоза со кој го нокаутира Шејн Бургос. Во компилацијата се најде и минатогодишниот нокаут на Хоакин Бакли, со кој го победи Импу Касанганаја.

Во видеото погледнете ја компилацијата од бизарни нокаути:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON