Пресметката меѓу Рико Верховен и Џамал ​​Бен Садик е најдобрата борба на Глори за 2021 (ВИДЕО)

Најсилната светската кик бокс организација Глори оваа година организираше три фантастични настани на кои гледачите можеа да уживаат во врвни борби.

Неодамна промоцијата им понуди на навивачите да ја изберат најдобрата борба за годинава, а очекувано победи во пресметката помеѓу Рико Верховен и Џамал ​​Бен Садик.

Номинирани беа и средбите меѓу Тарик Кбабез и Леви Ригтерс и Алекса Переира и Артем Вахитов.

Рико Верховен ја одбрани титулата во тешка категорија во октомври со победата против Џамал ​​Бен Садик, кој влезе како замена за Алистер Оверем.

Судијата неколку пати му броеше на Холанѓанецот кој успеа да се врати и да го нокаутира Мароканецот во четвртата рунда.

Видеото од најдобрата борба на шоуто на Глори оваа година погледнете го во видеото:

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО