Британецот Даниел Дубоа викендов во Мајами боксира за појасот на ВБА (регуларен) во тешка категорија против Американецот Тревор Брајан.
Дубоа до пред две години имаше 15 победи во низа, а потоа загуби со нокаут на стартот од десеттата рунда против Џо Џојс.
Во јуни минатата година во втората рунда го нокаутира Богдан Дину, а неколку месеци подоцна за само две минути го совлада Џо Кузуман.
Непоразениот Тревор Брајан во текот на кариерата победи 22 пати, а особено за одбележување е триумфот против поранешните шампиони Бирмејн Стиворн.
Во пресрет на настапот на Даниел објавена е компилација од неговите пет (од 16) најдобри нокаути во кариерата: