Полскиот ММА борец Марцин Тибура во Солт Лејк Сити ја забележа првата победа во својот втор настап во УФЦ и тоа со нокаут против Виктор Пешта во втората рунда. Чехот загуби три од четири борби во УФЦ. 30-годишниот Полјак за тој лев висок удар/хај кик доби бонус од 50.000 долари. со брутален хај кик во главата
На синоќешниот УФЦ Фајт најт 92 Тибура го нокутираше Виктор Пештаво една од прелиминарните борби.
Тибура го наметна својот ритам од почетокот, во првата рунда доминираше со ударите, а втората Пешта издржа само неколку минути пред да го заврши Полјакот со прецизен удар во главата. Снимката со нокаутот веднаш стана вирален хит и навивачите го нарекуваат еден од најдобрите нокаути на годината.
„Ја подготвивме оваа комбинација, се беше дел од планот“, рече по борбата Тибура.