Подмладокот на Таеквондо клубот Бутел ги следи успесите на постарите натпреварувачи во чекор, па така денеска освоија 10 медали – 4 златни, 3 сребрени и 3 бронзени на Меѓународниот турнир „Турбо опен“ во Софија, Бугарија.
Тренерите Костадин Георгиевски и Иван Крстевски ги водеа младите натпреварувачи на овој турнир каде што имаше над 400 натпреварувачи од целиот регион.
Медалите ги освоија:
Фросина Рајковска јуниори, злато
Андреј Василевски кадети, злато
Ведрана Туневски пионери, злато
Ева Бошевска пионери, злато
Теодор Стојановски пионери, сребро
Рина Гаши пионери, сребро
Никола Кекеновски пионери, сребро
Филип Блажевски кадети, бронза
Никола Ќоќоровски кадети, бронза
Анџела Стамкова кадети, бронза