Подготвен е за Канело Алварез! „Мексиканското чудовиште“ го уништи непоразениот поранешен светски шампион

26-годишниот Давид Бенавидез продолжува без мака ги минува противниците.

Време е Канело Алварез да престане да бара противници во другите тежински категории, бидејќи има повеќе од адекватен предизвикувач во суперсредна категорија.

Давид Бенавидез (28-0), боксерот кој почесто го нарекуваат „Мексиканско чудовиште”, синоќа повторно го оправда своето име. На 26-годишниот Американец од Мексико му беа потребни само шест рунди за да го заврши Деметриус Андраде (32-0), поранешниот светски шампион во две различни тежински категории.

Андраде добро го отвори мечот, убаво се движеше, го диктираше темпото и едноставно изгледаше поконкретно во првите две рунди. И во првата половина од третата рунда Андарде понуди контрола, но во втората половина Давид Бенавидез се загреа. Бенавидез е познат како боксер кој во борбите влегува малку бавно, но кога ќе ја достигне работната температура, тешко е да го запрете.

Ја спушти кочницата Бенавидез во втората половина од третата рунда и се чувствуваше дека ја презема иницијативата. Веќе во четвртата рунда стигна потврда за таа иницијатива, бидејќи Бенавидез со директ го затресе Андраде и го испрати во нокдаун.

Се случи целосен пресврт, Бенавидез стануваше се поопасен и поконкретен, а крајот дојде по шестата рунда. Од аголот на Андраде го фрлија пешкирот за да го спаси нивниот боксер од посериозни последици, бидејќи Андраде покажуваше дека е подготвен да изведе удари, но преземањето удари без да возврати нема многу смисла.

Бенавидез на тој начин ја постигна најголемата победа во кариерата досега, а потоа го прозва Канело Алварез, апсолутниот светски шампион во суперсредна категорија.

„Ова беше потсетник за сите кој е шампион во супер средна категорија“, рече Бенавидез веднаш по победата над Андраде.

Давид моментално ја има привремената светска титула на ВБЦ. Сите четири најрелевантни светски титули моментално ги поседува Канело Алварез и се надеваме дека тој и Бенавидез ќе го делат рингот во текот на следната календарска година. Ова е најдобриот меч што боксот може да ни го понуди следната година.

На истиот настан одржан синоќа во Лас Вегас боксираше и братот на Бенавидез, Хозе Бенавидез Јуниор (28-3-1). За жал на семејството Бенавидез, тој не беше успешен како неговиот брат и загуби со едногласна одлука од Џермал Шарло (33-0).

Непоразениот Џермал се врати во рингот по речиси две ипол години отсуство поради разни лични проблеми, но формата и понатаму е таму. Шарло го намудри противникот и ја извојува 33-та професионална борба во кариератра.

Овој меч не беше за светската титула на ВБЦ која моментално ја поседува Шарло. Борбата беше договорена во кетс категорија до 163 фунти, а интересно е што Шарло падна намерењето за цели 3,4 фунти (1,54 кг). Бенавидез размислуваше да се повлече од натпреварот, но сепак го направи тоа и го забележа третиот пораз во професионалната кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON