Македонската таеквондо репрезентација ги спроведе и вторите подготовки годинава, традиционално во Охрид, каде што присуствуваат триесетина репрезентативци од повеќе клубови на МТФ.
Подготовките беа под целосно покровителство на македонската таеквондо федерација.
„На овие подготовки учествуваше и нашиот олимпиец Дејан Георгиевски, покрај него тука беа и европскиот медалист Филип Додевски и светската медалистска Анамарија Георгиевска“, велат од МТФ.