Поделени сениорски подготовки за ЕП во Турција, со шест каратисти и со цела репрезентација

karate reprezentacija maski BP 2016

Тренерот на сениорската карате репрезентација ги свика потенцијалните кандидати за сениорското Европско првенство во Коџаели, Турција, во мај месец, за првото мерење и заенички тренинг со националниот тим до 21 година кој за две ндели ќе настапи на ЕП за кадети, јуниори и јуниори до 21 година. Заедничкиот тренинг е закажан за 5 февруари во Скопје во ОУ „Гоце Делчев“.

karate ekipno treti Univerzijada 2016

На 11 февруари е закажан и вториот тернинг на кој ќе се равоти на техничко-тактички варијанти во офанзива и дефанзива и мечеви во различни ситуации.

Меѓу овие два тренинга има разлика, затоа што на вториот репрезентацијата ќе биде во полн состав, додека една недела порано ќе бидат присутни само шестмина потенцијални натпреварувачи, без каратистите од Макпетрол, Металург, Македонка, Дрини, Башкими, Партизан – Кочани, Ронин.

Pece slavi

За ваквата поделба која паѓа во очи и остава можности за нагаѓања зошто едни се викнати или превилигирани, а другите не, тренерот на репрезентацијата Петар Белистоајноски вели:

„Каратистите на Металург и Макпетрол се во Црна Гора (мисли на овој викенд-н.з)“.

Присутсвото е задолжително на тренизите, а неоправдано и ненајавено отсуство ќе се третира според Правилникот за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни селекции.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON