Александар Усик и Даниел Дубоа почнаа меѓусебни преговори за шампионскиот појас на ВБА. Веста ја потврди британскиот агент – Френк Ворен за Токспорт.
Младиот талент би можел да испадне како големиот победник од неуспешната борба за неприкосновената титула меѓу Усик и Тајсон Фјури, бидејќи тој не само што ќе бара да земе еден од појасите на Украинецот, туку допрва треба да се договори и остатокот од појасите да бидат ставени на маса.
Дубоа долго време се смета за идна доминантна сила во тешка категорија, но поразот од Џо Џојс во 2020 година го врати чекор назад.
„Динамитот“ моментално има 25 години и е деветорангиран според БоксРец во неговата дивизија.