Почнаа подготвките на репрезентацијата во борење за олимписките квалификации во салата на БК Лирија од Скопје. Првиот квалификациски турнир за Олимписките игри во 2016 е во април во Зрењанин, Србија.
На тренерот на репрезентацијата, Лулзим Вренези, на распогање се Дејан Митров, Јасин Реџелари, Бобан Данов, Бехар Махмути, Ертан Реџепи, Иван Јанев и Никола Петров, а натурализраните Македонци Лабазан Аскербиев и Мохамедгаџи Нуров ќе тренираат во Русија. На Вренези ќе му помага и Николај Корнеев.
Ова е првата фаза од подготовките, фактички онаа што требаше да се одржи на планина. Од 6 јануари ќе почне втората фаза и ќе се одржи во еден од бугарските спортски центри Тетевен или Белмекен. Борачите таму ќе останат до почетокот на силниот меѓународен турнир „Дан Колов“ во Бугарија од 29-31 јануари, а по него ќе се оди на „Јашар Догу“ во Турција, кој се одржува од 5 до 7 февруари.
На подготовките во Бугарија ќе се приклучат Лабазан Аскербиев и Мохамедгаџи Нуров.
Ipon.mk/В.Д.