Почнаа нокаутите во Рио

Boks OI za nokaut

Со почетокот на сериозните мечеви во супертешка категорија (+91 кг) започнаа и бруталните нокаути, кои, впрочем, и ги очекува публиката.

Првиот чекор го направи Британецот Џо Џојс. Тој го покачи Давилсон Мораис од Капо Верде уште во првата рунда. Средбата ја заврши со бруталната десница. Малку подоцна Баходир Жалолов (Узбекситан) го нокаутираше Венецуелецот Едгар Муњоз. Исто така и овој дуел не траеше долго.

Најимпресивно беше претставувањето на нигерискиот нокаутер Ефе Ажагба. Тој го раскрвави Најџел Пол и ја полуде публиката.

Во големото дерби во осминафиналето на тешкашите, Иван Дичко (Укрина) се справи со својот стар познаник Махамадрасул Маџидов (Азербејџан) на поени во три рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON