Почина поранешниот светски шампион во бокс Кертис Кокс

Поранешниот светски боксерски шампион во полусредна категорија, Кeртис Кокс, почина на 82-годишна возраст на крајот на минатата недела. Ова го соопшти Ирвин Спаркс, деловен партнер на Кокс.

Кокс ја освои титулата на Светска боксерска асоцијација (ВБА) во 1966 година со победа над Мани Гонзалез во Њу Орлеанс, а три месеци подоцна го совлада Џин Џослин во родниот град Далас за појасот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ).

Во 2003 година, Кeртис Кокс беше примен во Куќата на славните, а во кариерата оствари 62 победи (30 со нокаут), 14 порази и 4 нерешени борби. По завршувањето на кариерата, тој работеше како тренер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON