Почина поранешен таеквондо светски шампион, за смртта извести со порака на Твитер

Грчкиот таеквондист Александрос Николаидис почина на 42-годишна возраст три дена пред неговиот 43 роденден, а веста за смртта е објавена на неговиот профил на „Твитер“.

Николаидис последните две години криел дека боледува од канцер, но се подготвил за тажниот ден така што по смртта се појави порака на неговите профили на „Твитер“ и на „Инстаграм“.

„Сега, кога го читате овој мој пост, отидов на подобро место. Имам канцер веќе две години за кој девет од десет грчки лекари никогаш не слушнале. Мојот лекар ги помести небото и земјата за да ме спаси“, пишува во објавата.

Николаидоис стана светски шампион во 1996 година во Барселона само со 17 години, а има и три злата од европските првенства во 1996,1997 и 2008 година.

„Никогаш не се запрашав зошто баш јас. Ова може да му се случи на секого, но повторно ќе кажам дека бев среќен човек. Соништата ми се остварија, толку пати бев на подиумот и ја претставував мојата земја низ целиот свет. Имав среќа што ме сака најубавата жена на светот, мојот дар од Бога“.

Тој побарал неговите медали освоени на Олимписките игри да бидат ставени на аукција и парите да бидат донирани за помош на децата болни од рак.

Николаидис четири пати учествуваше на Олимписките игри. Освои сребрени медали во Атина во 2004 година и во Пекинг во 2008 година, а го носеше грчкото знаме на Игрите во Лондон во 2012 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON