Почина Мухамед Али – спортска икона, заради кого се сакаше боксот

Muhamed Ali vo mladi godini

Почина Мухамед Али на 74-годишна возраст, изјави портпаролот на семејството, на кого синоќа му се влоши состојбата. Погребот е денеска, во Луисвил, каде што знамињата се на половина копје.

<> at Louisville Marriott Downtown on September 19, 2015 in Louisville, Kentucky.
<> at Louisville Marriott Downtown on September 19, 2015 in Louisville, Kentucky.

Мухамед Али долго време болдеуваше од Паркинсоновата болест, со оштетен говор и движења што го направија некогаш најдобриот спортист речиси затвореник во сопственото тело.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Мухамед Али, чија боксерска кариера, невиден талент за привлекување на внимание и контроверзни ставови го направија да биде еден од најпознатите личности во 20. век, почина синоќа.

Смртта на Али ја потврди портпаролот на семејството, доцна синоќа, еден ден откако беше примен во болница во Феникс, со респираторна болест.

“Замина еден дел од мене, всушност најголемо парче”, изјави Џорџ Форман, поранешен боксер во тешка категорија и еден од повеќето противници на Али во рингот.

Погребна церемонија ќе се одржи во неговиот роден град Луисвил, во американската држава Кентаки. Градоначалникот на Луисвил, Грег Фишер, нареди знамиња да се симнат на половина копје во чест на Али.

“Како боксер, тој стана најголем, иако неговиот најдолготрајна победа се случи надвор од рингот,” изјави Фишер.

Али доминираше во овој спорт две децении. Ја заврши легендарната кариера во 1981 година.

Тој ја бранеше титулата во тешка категорија во епски борби во егзотични локации, го крена својот глас во име на Црнците, и славно одби да биде регрутиран во војска за време на Виетнамската војна поради муслиманските убедувања.

“Тој беше најголемиот борец на сите времиња, но боксерската кариера беше секундарна во однос на неговиот придонес во светот”, изјави промоторот Боб Арум.

Во различни децении, колку што настапуваше, заврши со резултат од 56 победи и пет порази, со 37 нокаути. Беше првиот човек што ја освојуваше титулата во тешка категорија три пати.

Али беше отфрлен  од „белата Америка“, кога им се приклучи на муслиманите и го промени своето име. Се спротивстави во екот на војната во Виетнам.

Паркинсонова болест му ја одзема способноста да говори. Последиците од ударите врз неговото тело ги почувствува во неговите подоцнежни години: трепет на рацете, лице му беше „замрзнато“, човекот кој танцуваше по рингот едвај можеше да оди.

Подоцнежен живот на Али беше тивок, за разлика од татнежот за време на кариерата, во која имаше неверојатни издигнувања и падови.

Пресметано е дека добил 29.000 удари на главата, од кои направи 57 милиони долари во кариерата, но најголем дел од парите изгуби за да го намали ефектот од ударите. Тоа не го спречи да патува неуморно да го промовира Исламот, да се среќава со светските лидери. Беше гостин на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.

Со треперливи раце го запали олимпискиот факел во 1996, во Атланта. Али како хуманитарец никогаш не се двоумеше да дојде со неговиот автомобил и да вози со часови за да посети тешко болни деца.

„Тој изгледаше како балерина, но удираше посилно од сите. Луѓето едноставно го обожаваа. Особено емотивно го доживеав неговото палење на олимпискиот факел во Атланта во 1996. година. Рацете му се тресеа, мислев дека нема да успее, но ме разубеди“, изјави поранешниот американски претседател Бил Клинтон, голем фан на Али.

Еден од неговите најголеми противници, Џо Фрејзер, ќе му стане голем фан. Во пресрет на 35-годишнината од славната “Грмотевица во џунглата”, му оддаде почит на човекот кој толку славно го запре во осмата рунда од борбата во 1974 година, во Киншаса.

“Јас не го нарекувам најдобар боксер на сите времиња, тој е најголемиот човек што некогаш сум го сретнал”, изјави Фрејзер. “До денес тој е највозбудливиот човек што некогаш сум го сретнал во мојот живот.”

Роден како Касиус Клеј Маркел, на 17 Јануари 1942 година, во Луисвил, Кентаки, Али почна да боксува на возраст од 12 години. Шестгодишната аматерска кариера ја заврши со олимписки златен медал во 1960 година во тешка категорија. Уште тогаш се соочи со расизмот.

Во својата автобиографија, “Најдобриот”, Али напиша дека го фрлил медалот во реката Охајо, по тепачката со банда Белци на мотоцикли, која започна откога тој и неговиот пријател беа одбиени да бидат услужени во ресторан во Луисвил.

Откако го победи Сони Листон за титулата во тешка категорија во 1964 година, Али го шокираше светот на бокс, објавувајќи дека е член на „Нацијата на исламот“. Ова многу ги вознемири белите Американци, но тој одби да биде примен и во Армијата, што ги налути најмногу. Тоа се случи на 28 април, 1967 година, еден месец откако во „Медисон Сквер Гарден“, во Њујорк, по осми пат ја одбрани титулата. Беше осуден и лишен од титулата, а доби и забрана да боксува. Поднесе жалба на пресудата и се ожени со 17-годишната Белинда Бојд, втора од неговите четири жени, еден месец по пресудата, и има четири деца со неа. Имаше уште две со третата сопруга, Вероника Порш, а со неговата четврта сопруга, Лони Вилијамс, посвои син.

Му беше дозволено да продолжи со бокс три години подоцна и се врати во меч од три рунди, на 26 октомври 1970 година, во Атланта, и покрај напорите на гувернерот на Џорџија да го спречи мечот. Сѐ уште се соочуваше со можна казна затвор кога се бореше со Фрејзер за првпат, на 8 март 1971 година, во “Борбата на векот”. Неколку месеци подоцна, Врховниот суд на САД ја преиначи пресудата во ослободителна.

Многумина веруваат дека Али никогаш потоа не беше истиот борец по неговата долга пауза, иако тој ја свои титулата во тешка категорија уште два пати и се бореше уште една деценија.

Можеби највпечатлива борба беше “Грмотевицата во џунглата”, кога против Форман стана шампион во тешка категорија на возраст од 32 години, пред 60.000 Црнци во гледалиштето.

Ја изгуби титулата прво против Фрејзер, а потоа и против Леон Спинкс, но се врати да го победи по третпат на 15 септември, 1978 година, во реваншот пред 70.000 луѓе во Њу Орлеанс.

Али отиде во пензија, само се врати да се обиде да ја освои титулата по четврти пат против Лари Холмс, на 2 октомври 1980 година, во Лас Вегас. Пушти мустаќи, се изјасни дека е “Темниот Гејбл” и ослабе за да го победи времето. Но Холмс, неговиот поранешен спаринг партнер, беше милостив кон него. Неколку години подоцна, Али изјави дека не би се борел со Холмс, ако не мислел дека може да го победи.

Во 1990 година, тој отиде во Ирак, по сопствена иницијатива да се сретне со Садам Хусеин и се врати во САД со 15 Американци кои ги држеа како заложници.

“Отсекогаш сум знаел дека Мухамед Али е супер спортист, но во текот на тие часови кога бевме заедно, во огромното тело видов ангел”, рече еден од заложниците.

“Човек кој не е доволно храбар да преземе ризици, никогаш нема да се постигне ништо во животот,” беше една од неговите изјави што ќе се памети.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON