Долгогодишниот шеф на Светската боксерска асоцијација, Гилберто Мендоза, почина во Каракас, Венецуела.
Еден од менторите на современиот професионален бокс ја загуби битката со туморот. Во декември официјално се повлече од функцијата, кој на чело на организацијата беше 33 години.
Во времето на Мендоза се случија неколку револуционерни промени во професионалниот бокс. Уште со инаугурацијата во 80-тите години Венецуелецот го поддржа барањето за намалување на максималниот број на рунди од 15 на 12. Тој беше критикуван поради разводнванњето на титулите кои ги даваше неговата органзиација.