На 66-годишна возраст почина легендарниот боксер Марвин Хаглер. Американецот беше неприкосновен шампион во средна категорија од 1980 до 1987 година и забележа 52 нокаути во текот на кариерата.
„Жал ми е што треба да кажам нешто тажно. Денес, мојот сакан сопруг Марвин неочекувано почина во нашиот дом во Њу Хемпшир. Нашето семејство сака да ја почитувате нашата приватност во ова тешко време“, напиша неговата сопруга Кеј Г. Хаглер на Фејсбук.
Хаглер е еден од најголемите боксери на сите времиња во средна категорија. Тој е член на Меѓународната боксерска куќа на славните и Светската боксерска куќа на славните. Списанието Ринг го прогласи за четврти најдобар во средна категорија на сите времиња. Во кариерата водеше историски борби со Роберто Дуранд, Томас Хернс и Шугар Реј Леонард.
Последната битка во неговата кариера беше против Леонард во 1987 година во Лас Вегас. Леонард победи со поделена одлука, а до денес судијата е меѓу најдискутираните во историјата.