Почина Гоце Атанасовски – член на првата македонска карате репрезентатција

Почина поранешниот македонски карате репрезентативец Гоце Атанасовски.

Гоце Атанасовски, потекнува од КК Лепенец и под вотство на тренерот Раде Ѓеркоски го прави правиот значаен резултат. Станува шапион на СФРЈ и членува во репрезентацијата на Југославија, чиј селектор е Душан Дачиќ.

По осамостојувањето на Македонија е шампион во полусредна категорија, во младинска и сениорска конкуренција. Член е на првата македонска сениорска репрезентација која настапи на Светско првенство во Гранада – Шпанија, 20-25.11.1992 година.

Со екипите на Водно, Енергопромет и Студент е екипен првак на Македонија. Беше многу квалитетен натпреварач, кој немаше пораз на домашните натпреварувања.

Погребот ќе се одржи денеска на гробиштата во Ѓорче Петров, а во 13:30 часот телото ќе биде изложено во капелата.

Сочувство до семејството. Почивај во мир!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON