Џудо федерацијата на Р.С. Македонија и додели почесен црн појас 1 дан на амбасадорката на Јапонија во Македoнија Кеико Ханеда.
Церемонијта на предавањето на почесната награда се одржа вчера во службените простории на јапонската амбасада.
Во име на федерацијата Плакетата и црниот појас со посвета ги предаде делегација предводена од претседателот Владимир Трпаноски и подпретседателот Горан Антевски, кои се заблагодарија за четиригодишната посветеност на Н.Е. Кеико Ханеда за развивање и ангажираност на Џудо спортот во Македонија.
„Н.Е. Кеико Ханеда се изрази голема благодарност за признанието и се заложи во иднина , како почесен член на џудото во Македонија да продолжи со активностите за соработка на џудо спортистите од Македонија и Јапонија. Амбасадорката истакна дека во изминатите години со нејзининиот ангажман секогаш го подржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на секој граѓанин . Исто така, изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на предстојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период“, велат од ЏФРСМ.
Развивањето и омасовувањето на џудо спортот исто така е и голем приоритет на Џудо федерацијата, која во предходниот период го стабилизира своето и работењето на клубовите.
„Преку активностите за константен напредок и помош на клубовите, во наредниот период цел е да се задржи и зголеми бројот на џудоки. Потребно е во иднина да се доближи овој благороден спорт до секое дете, преку негово изучување и тренинг во училиштата. Заложба е и на Меѓународната џудо федерација да се подигне во рамките кои ги заслужува овој спорт преку финансиска подршка во најмалку 10 училишта во Македонија“, велат од Федрацијата.
Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална подршка во опрема и можност за обука на џудоки во Јапонија. Разговарано е и за следните активности на почнатиот проект за донација на спортска опрема од страна на Јапонија за Џудо федерацијата на Р.С. Македонија.