Победниците на Премиер лигата во Лајпциг – голема борба за пласман

Откако ВКФ најави построги норми за учество на Премиер лигите во првото есенско коло во Лајпциг и Хале во Германија имаше рекоден број на учесници и голема борба за влез во првите 50 каратисти на Ранг листата на ВКФ, пласман кој ќе им овозможи непречено натпреварување идната година во оваа Лига, бидејќи боројот се ограничува на 64 учесници по категорија и по еден претставник од држава.

Премиер лигите од идната година ќе послужат и како квалификациски турнир за Олимписките игри во Токио 2020.

Освојувачи на златните медали се од повеќе земји и од различни континенти, но забележително е дека Јапонија стартува многу силно, а видлив е наредокот и на американските каратисти. Кина има носител на златен медал во Лајпциг, Украина се повеќе притиска. Очигледна е желбата кај сите карате репрезентации да се обезбеди место на Олимписките игри.

Македонија имаше три пласмани меѓу првите 10 во Лајпциг: Берат Јакупи е 5-ти, Мартин Несторовски – 7-ми и Вероника Костовска – 9-та.

https://youtu.be/Rs9O9RiqR3A

Ова значи дека секое коло ќе биде се посилно и ќе се влегува со максимална подготвеност, но и дека големите земји и репрезентации сериозно се ангажираат да успеат да имаат каратисти на дебитантскиот настап на ОИ.

Победници во Лајпциг:

Кати
Дамијан Кинтеро – Шпанија – мажи
Сандра Санчез – Шпанија – жени

60 кг
Садридин Сајматов (Узбекистан)

67 кг
Андрес Мадера – Венецуела

75 кг
Станислав Хоруна – Украина

-84 кг
Рјутаро Арага – Јапонија
Берат Јакупи – Македонија е петти

+84 кг
Сајад Гањзадех – Иран
Мартин Несторовски – Македонија е седми

50 кг
Серап Озоелик – Турција

55 кг
Анжелика Терлиуга – Украина

61 кг
Ксијао Јин (Кина)
Вероника Костовска – Македонија е девета

68 кг
Ирина Зарецка – Азербејџан

+68 кг
Ајуми Уекуса – Јапонија

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON