Победникот од Џошуа-Кличко задолжително ќе се бори со Кубрат Пулев

pulev-dzosua-i-klicko

„Потврдено: Победникот од дуелот Ентони Џошуа – Владимир Кличко мора да се сретне со задолжителниот предизвикувач на ИБФ Кубрат Пулев во следниот меч“, објавија браќата Кале и Нисе Зауерланд, промотори на бугарската ѕвезда во супертешка категорија во професионалниот бокс. Тие го искористија профилот на социјалната мрежа Твитер, за да ја соопштат оваа вест.

„Не се дозволени други средби пред тоа“, додадоа Германците.

Големиот спектакл Џошуа – Кличко ќе се одржи на 29 април на „Вембли“ во англиската престолнина пред 90 илјади гледачи.

Бугаринот Кубрат Пулев стана официјален кандидат за еден од шампионските појаси на Џошуа по победата над Семјуел Питер на 3 декември во „Арена Армеец“ во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON