Во Бангкок се одржа Кунлун Фајт 62.
Во главната борба на вечерта Буакав Банчамек покажа атрактивна изведба и го победи Кинезот Конг Линфенг. Борбата се одржа на 72 килограми.
Артур Кишенко против Италијанцот Габриеле Каселе стигна до 15 победа по ред. Во оваа серија меѓу другите ги порази Муртел Гроенхарт, Хичам ел Гауи, Дитриј Валенста, Алекс Переира и Ејеван Даненберг.
Борац од салата на Буакав, Супербон, на поени го победи поранешниот шампион на W5 во категоријата до 70 килограми Артем Пашпорин, додека на 66 килограми Сингде Кијатмо беше подобар од Кинезот Гу Хуи.
https://youtu.be/gtpkotwOZEE
https://youtu.be/eCCv8WEcO44
https://youtu.be/DMOILkwn-PQ
.