Ален Рустемовски ја продолжи победничката низа за Вардар во Регионалната бокс лига во 7. Коло во Сомобор, Србија, а му се придружи и Дион Лена.
Алим Насуфи и Јово Николиќ се поразени.
На табелата води Нови Пазар со 202 бодови, пред Сомбор 169, Славија 159, Лозница 155, Вардар 92, Раднички 71, Марибор 63, Никшиќ 54, Железничар 36, Свети Донат 0.
Во недела (21 мај) во Сомбор, Србија, ќе се одржи 7.коло од Регионалната бокс лига, а екипата на Вардар ќе настапи со четворица боксери во сениорска конкуренција.
Сениори
57 кг Ален Рустемовски – Ален Рахимиќ (Славија) победа Р3
63,5 кг Дион Лена – Ваел Мери (Железничар СА) победа без борба
71 кг Алим Насуфи – Игор Рогиќ (Нови Пазар) 1-4
75 кг Амар Дрплјанин – Јово Николиќ (Сомбор) предадена Р2
До крајот на регуларниот дел од сезоната 2022/23 преостануваа уште едно коло во Нови Пазар.