Македонската џудо репрезентативка Катерина Николоска (- 63 кг) на Европскиот куп во Дубровник-Хрватска, забележа една победа и еден пораз.
Николоска ја победи Елефтерија Теодоракис од Австрија со еден јуко, а во втората прелиминарна борба беше поразена со ипон од Маја Благојевиќ од Хрватска, така што немаше можност да се бори за повисок пласман.
Катерина Николоска е стипендист на Македонскиот олимписки комитет и репрезентативен кандидат да се бори за место на Олимписките игри во Рио 2016.
Ipon.mk/В. Д.