Каин Веласкез ќе остане во затвор откако судијката Шелина Браун по вторпат ја одби кауција за време на неговото тековно судење под обвинение за обид за убиство со умисла.
Веласкез се појави на суд заедно со неговиот адвокат Марк Герагос, кој рече дека неговиот клиент е подготвен да прифати кауција од значителни 1 милион долари, заедно со носење електронска нараквица и постојано останување во неговата резиденција. Герагос, исто така, тврди дека Веласкез може дури и да има човек покрај себе во секое време за да го следи неговото однесување доколку биде ослободен.
Судијката Браун во документите поднесени како дел од барањето откри дека Герагос тврди дека Веласкез може да претрпи трауматска повреда на мозокот, како и потенцијал за CTE (хронична трауматска енцефалопатија), веројатно предизвикана од повторливи повреди на главата.
Кон крајот на февруари Веласкез се обиде да убие педофил кој извршил блуд со неговиот 4-годишен син. За жал, Веласкез не успеа и беше уапсен. Од друга страна, педофилот Хари Гуларте беше ослободен со кауција во сопствената тужба, и покрај приговорите на окружниот обвинител.
Заменик окружниот обвинител Арон Френч рече дека жртвите на наводниот напад на Веласкез се уште се изложени на ризик доколку поранешниот шампион на УФЦ биде ослободен со кауција, додавајќи дека другите жители во истата населба се „преплашени“ дека таков напад би можел да се случи во иднина. .
На крајот, судијката Браун по втор пат ја отфрли кауцијата, уште еднаш осудувајќи ги наводните постапки на Веласкез.
„Тоа беше толку несовесно непочитување на човечкиот живот. Ова не е само за г-дин Гуларте и неговото семејство.
Секој граѓанин беше во опасност да биде застрелан или погоден од возило за време на оваа потера од Веласкез.
Овој суд не размислува само за г-дин Гуларте и неговото семејство, туку и за секој граѓанин во округот Санта Клара кој бил во близина на овој наводен инцидент“, рече судијката Шелина Браун.
Следната фаза од судењето на Веласкез ќе биде формалното сослушување, закажано за 10-ти јуни. Доколку биде прогласен за виновен по сите обвиненија, Веласкез може да се соочи со затворска казна до 20 години.
View this post on Instagram