Утре во Скопје се одржува вториот меморијален турнир во борење за деца „Ментаз Алајбегу“ во организација на БК Лирија.
-Се е подготвено за второто издание на турнирот „Ментаз Алајбегу“. На натпреварите, што ќе почнат во 11 часот, се очекува да учествуват околу 130 борачи од земјава, Албанија и Косово. Свеченото отварање, на кое ќе присуствуваат големи имиња на борењето во нашата земја, ќе биде на програмата во 12.30 часот“, – изјави претседателот на БК Лирија, Бетим Вренези.
Ментаз Алајбегу е основач на БК „Лирија“ и едно од најголемите имиња во борењето на овие простори. Тој има работено и сите големи имиња кои произлегоа од школата на Лирија, олимписки, светски и европски шампиони.
-Токму затоа, Лирија по неговата смрт реши да организира меморијален турнир за деца, – истакна Вренези.
Ова ќе биде второ издание на меморијалниот турнир „Ментаз Алајбегу“ и ќе се одржи во гимназијата „Зеф Љуш Марку“.
ipon.mk/В.Д.