Димитров по изборот во Топ 5 тренерите во светот: Ова се огромни успеси за мене и за Македонија!

Денес објавивме дека нашиот истакнат борец и тренер во ММА, БЏЏ и џудо, Ристо Димитров, кој работи во Оман, е избран во најдобрите пет здравствени тренери во светот од престижниот магазин Левел ап.

А за тоа како Димитров е избран во Топ 5 тој вели:

„Скенирале од Магазинот неколку сметки на социјални мрежи: колку се активни, колку има следачи и пријатели, па за тие луѓе истражувале на интернет колку биле активни, спомнувани по весници и портали, колку се спомнувани на социјалните мрежи. Па потоа ми пуштија прашалник. Прашалникот беше огромен, притоа требаше да објаснам кој сум, што сум, што правам, моите успеси, титули, тренинзи, програми. Буквално се. Цела книга. Мојата компанија тука. Што работи, со што се занимаваме, успешност и соработки со други фирми. И потоа комисија во списанието ги одбра најдобрите петмина во кои бев и јас.

Што значи за ова признание за тебе?

-Огромна чест. Мислам дека сум единствен тренер со огромно меѓународно искуство и признание. Како и натпреварувач. Ова се огромни успеси за мене и за мојата земја.

Какви се твоите планови за наредната година?

-За следната година се надеваме за проширување на мојата компанија, како и нејзина промоција на пазарот тука. Мене лично, професионално усовршување и подобрување, како и неколку нови ММА настапи, се надевам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО