Откако вчера имаше остри во македонската спортска јавност по најавите дека карате репрезентативците самите ќе мораат да си го платат патот и престојот во Гвадалахара, Шпанија за Европското првенство, што ќе се одржи од 22 до 26 март, Карате федерацијата денес излезе со соопштение во кое велат дека само на тројца ќе им бидат подмирени трошоците, додека останатите 15 членови на тимот треба сами да си ги платат трошоците.
Македонија ќе има вкупно 18 натпреварувачи на континенталниот турнир во Гвадалахара, но само Емил Павлов, Вероника Костовска и Петар Спасеноски ќе заминат со подмирени трошоци од Карате федерацијата на Македонија. Останатите 15 членови ќе треба да платат приближно илјада евра за сместување и пат во Шпанија. Од федерацијата велат дека овие пари потоа ќе им бидат рефундирани на останатите челнови на репрезентацијата, откако КФМ ќе добие пари од Агенцијата за млади и спорт, кои веќе се побарани државната институција.
„Информираме дека со пренесување на делумна одлука и користење на спортистите во негативни цели се прави штета на спортистите клубовите и карате Федерацијата која континуирано е една од најуспешните федерации во Македонија!“, се вели во дел од денешната реакција на КФМ.
Зачудува фактот што една од најуспешните спортски федерации во Македонија носи дискриминирачки одлуки на штета токму на репрезентативците. И изненадувачки е тоа што, КФМ нема предвидено средства за сите свои репрезентативци за ова Европско првенство, туку мора да чека на помош од АМС, бидејќи има свој буџет и програма за работење во 2023 година.
Од друга страна, уште полошо е што се трудат вината да ја префрлат на друг. Прво, не се трудат да ја известат јавноста; второ, и кога во целост е пренесена одлуката, да ја нарекуваат делумна. Јавноста нека цени кој делумно ги прави работите. Зошто во соопштението не е објаснето зошто само на тројца каратисти ќе им бидат покриение трошоците?
Дел од клубовите веќе се ангажираа да формираат кризен штаб со кој ќе бараат решение за помош на каратистите. Тие ќе се обратат и до сите релевантни иснтитуции како Владата, АМС и МОК за решавање на овој проблем, бидејќи репрезентативци сами да си плаќаат пат и сместување за да ја претставуваат државата на Европско првенство е под сите професионални стандарди.