По финалето во МСГ, познати се нови милионери на ПФЛ (ВИДЕО)

Во театарот на Медисон сквер гарден во Њујорк се одржа завршницата на втората сезона на ПФЛ турнирот.

Во главната борба на вечерта олимписката победничка Кајла Харисон (7-0) во финалето на турнирот во лесна категорија со едногласна одлука на судиите по втор пат годинава ја совлада Бразилката Лариса Пачеко (13-4) и освои милион долари.

На сите победници на турнирот им припадна истиот износ.

Али Исаев (9-0) со нокаут во четвртата рунда против Џаред Рошолт (20-8) го освои турнирот во тешка категорија.

Во полутешка категорија, Емилијано Сорди од Аргентина (22-8) одличната сезона ја заврши со трет прекин на турнирот. Со технички нокаут во првата рунда го победи Џордан Џонсон (12-2-1).

Откако беше поразен во финалето минатата година, Реј Купер III (20-7-1) во вториот обид го освои турнирот во вектер категорија, а со тоа и милион американски долари. Хавајскиот борец во втората рунда го нокаутира Дејвид Михауд (18-6).

Натан Шулте (20-3-1) втора година по ред го освојува турнирот во лесна категорија победувајќи го со едногласна одлука Таџикистанецот Лоик Раџабов (13-2-1).

Втора година по ред и милион долари освои Ленс Палмер. Откако Даниел Пинеда падна на допинг-тестот, поранешниот шампион на ССОФ во финалето во лесна категорија по втор пат се бореше против Алекс Гилпин, победувајќи го со едногласна одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON