По настапот на Државното првенство за пионери (У-15), односно освојувањето на две одличја – златен медал за Нина Славевска и бронзен за Ивица Димчевски, тренерот на Вардар 1961 Игор Неделковски вели дека е задоволен од постигнатото, иако секогаш може е подобро.
Неделковски истакнува дека сите сили на клубот се насочени кон ЕП за пионери и олимписките квалификации.
„Настапот на квалификацискиот тунир за олимписка норма во Истанбул на Вероника Рјабоволова и Европското првенство за пионери во Лутраки – Грција, се нашите приоритети во овој период. Се надеваме дека на ЕП ќе не претставува Нина Славевска“, порача Игор Неделковски, додавајќи дека во клубот продложуваат со работа за новите предизвици во сите возрасни категории.