По две победи на Стојанов и Трендов за шампионската титула на Кемингхаусен во Германија

Trendov pobednik

Александар Стојанов и Благој Трендов, поранешни борачи на Бучим и Спартак, забележаа по две победи за нивниот Кемингхаусен во Бундес лигата 6 во Германија.

Trendov i Stojanov

 

Кемингхаусен во борбата за првото место на табелата со Гитерслох забележа победа од 43-12,која го однесе во Бундес лигата 5.

Trendov Tusira

„Стојанов забележа две победи, една со туш, а втората беше предадена, бидејќи противникот не смееше да излезе на душекот. Исто така и јас имав две победи, едната со туш, а другата ја добив напоени 15-0“, вели менаџерот на клубот Благој Трендов, чии амбиции се да се стигне до најквалитетната Бундес лига. Првиот чекор е направен, наредната сезона се очекува уште еден скок во повисок ранг.

Kemimghausen na Trendov

Трендов бара борачи за идната сезона, посочувајќи дека пари за ангажманот нема, туку им обезбедува работа, но со европски пасош.

Aleksandar Stojanov protiv Oliver Staq

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON