Во преостанатите мечеви од денешната програма на Карате 1 Младинската лига во Венеција, Италија, нашите каратисти забележаа шест победи, два порази и една нерешена борба (пораз со прегласување).
Реџеп Рушити извојува две победи, а во третиот настап беше поразен. Андреј Басаров забележа две победи и една нерешна борба (0-0) која ја загуби со прегласување на судиите.
Мила Панчева доби два меча, а во третиот загуби. За жал, Французинката загуби во полуфиналето и не и овозможи репасаж на нашата каратистка.
Утре настапува Иса Елмази во У-14..
Да потсетиме дека во претпладневниот дел Стефан Стојановиќ освои сребрен медал во У-21 во категоријата над 84 килограми.
Резултати – Карате 1 Младинска лига Венција јуниори:
-76кг
Реџеп Рушити – Вацлав Ругерт (Чешка) 3-0
Реџеп Рушити – Микеле Кастелано (Италија) 10-0
Реџеп Рушити – Анџело Марино (Италија) 0-3
+76 кг
Андреј Басаров – Таге Алског (Шведска) 6-0
Андреј Басаров – Ахмед Нокто (БиХ) 2-0
Андреј Басаров – Тимур Николин (Украина) 0-0
-59 кг
Мила Панчева – Софија Гијанола (Шпанија) 5-0
Мила Панчева – Јохана Сасенберг (Германија) 1-0
Мила Панчева – Моника Арзумијан (Франција) 3-6
У-14
+55 кг
Иса Елмази