Штипскиот клуб за џиу џицу Осенсеи постигна забележителен успех на Меѓународниот џиу џицу турнир „Будва опен 2018″ со освојувањето на 5 медали – 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзен.
Вредно е да се истакне дека Кирил Иванов освои сребрен медал во сениорска конкуренција.
Медалите ги освоија:
Станислав Грпов (-37 кг, У-15) – златен медал
Данил Николиски (-37 кг, У-12) – златен
Кирил Иванов (-77 кг, сениори) – сребрен
Вангел Белтасев (-34кг, У-12) – сребрен
Нина Таскова (-64 кг, аспиранти З) – бронзен
Ipon.mk