По 20-ти пат БК Балканец ќе го организира меморијалниот туррнир „Киро Ристов“, во чест на некогашниот боречки ас Киро Ристов.
На турнирот веќе подолго време се промовираат младите борачи, односно на него настапуваат најдобрите поединци во конкуренција на кадети.
Годинава ќе настапат педесетина борачи од пет земји и тоа: Бугарија, Грција, Србија, Македонија, а свој настап ќе има и селекција на Балканец. Меморијалниот турнир „Киро Ристов“ ќе се одржи во недела, 23 ноември, во салата „Јордан Мијалков“ со почеток во 11.00 часот.
Ристов е учесник на две Олимпијади, Монтреал 1976 и Москва 1980. Носител е на медали од Универзијадата во Букурешт 1981 година и Медитеранските игри 1976 г. во Сплит, а е четврти на ЕП во Минск 1975 година и на СП во Ленинград 1976 година.