ПКБ Безбедност од Скопје завчера го одржа вториот новогодишен промотивен час,
„Од прв чекор до победнички пиедестал“.
На овој час беше презентирана работата на „Универзалната спортска школа“, борење во слободен стил и женско борење, како и техники за самодбрана од страна на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ).
Овој час се одржа во ОУ „Ѓорче Петров“ под раководство на д-р Страшо Глигоров, а на него присуствуваа гости, родители, деца, тренери, помагатели.
„Клубот постојано напредува, па со труд и работа се надеваме на големи успеси“, велат од тимот на ПБК Безбедност.
Ipon.mk/В.Д.