Поранешниот шампион во петел категорија, Пјотр Јан откри дека нема да прифати борба што не ја вклучува титулата во категоријата. Во март оваа година, Јан беше шампион и во битка со Алџамеин Стерлинг го заложи појасот.
Цело време Пјотр доминираше во битката и не му даде шанса на противникот. Јан беше на неколку минути до одбраната на појаост, но во 4-тата рунда зададе недозволен удар и загуби со дисквалификација. Тоа беше прв пораз на Пјотр во УФЦ и ја прекина серијата од 10 победи.
Стирлинг моментално се опоравува од операцијата што се одложуваше многу години. Многу луѓе мислат дека така заработува дополнително време како шампион. Малкумина веруваат дека Стерлинг заслужува да биде шампион.
Сепак, Алџамеин верува во себе и ако зависи од него, тогаш нема да му се реваншира на Јан. Всушност, Стерлинг неколку пати навести дека сака да се бори со друг борец, но Јан планира да го чека и да има реванш на крајот на годината.
„Сè уште нема точни информации за мојата битка, но се фокусираме на ноември. Мислам дека ова треба да биде реванш меч против Алџaмеин Стерлинг.
Сега е несоодветно да се борам во битка што не е за појасот, бидејќи сите видоа дека ми го одзедоа.
Да, имаше грешка од моја страна, но самоуверено ја добив оваа борба против неприкосновениот предизвикувач за титулата. Затоа нашата задача и цел е да се бориме само за појасот“, изјави Јан во интервју за руските медиуми.